за конференциско толкување

Консекутивно и симултано толкување на највисоко ниво со сојузната канцеларка и сојузни канцелари, шефови на држави и влади, комесари на ЕУ, претседатели на парламенти, министри, владини претставници, парламентарни пратеници и стручни лица, на конференции, преговори, средби, настапи во јавноста и медиумите, прес-конференции, презентации и семинари, во судовите или специјализирани клиники, се дел од моето разнострано професионално искуство.

Доколку имате потреба,  ќе ми биде задоволство да Ве придружувам за време на студиски посети, средби, конференции, саеми и слично во Минхен, Берлин, Виена или Скопје – на кратко: низ цела Европа.

Симултано и консекутивно толкување со следните јазични комбинации:

германски – македонски

англиски – македонски

македонски – германски

македонски – германски

Секако дека кај мене може да нарачате и превод на Вашата конференциска документација, презентации, програми, говори и слично.

Задоволни клиенти од 1996 година – референци:

Повеќе од 25 години во многубројни толкувачки ангажмани се доказ за моето успешно професионално искуство.

Од толкување во високата политика … 

при политички конференции со сојузната канцеларка и сојузни канцелари, шефови на држави и влади како и комесари на ЕУ, при државни посети на претседатели на држави и претседатели на парламенти, министерски конференции и дипломатски средби на министрите,

… но исто така и во секојдневниот живот.

Семинари за обука на лекари, медицински сестри, наставници, училишни директори и новинари,  медицински вештачења во специјализирани клиники и ординации.

Пред илјадници слушатели …

при компаниски семинари, мотивациски тренинзи, шоу-програми со интернационални ѕвезди, прес-конференции со пренос во живо на телевизија и интернет

… вршам подеднакво добро толкување како и при доверливи билатерални разговори.

Со стручната терминологија владеам …

не само при експертски конференции за миграција, азил и заштита на границите,  за медицина и здравство, при работни групи за соработка од област на транспортот, јавни набавки, информатичкa инфраструктура или заштита на животната средина, туку и со делегации за политичко образование, безбедносна и одбранбена политика, за полициска и правосудска соработка, или за обновливи енергии и енергетска ефикасност

… подеднакво добро како и при неформалниот разговор.

во паузата од класичен концерт, за доброто вино, за фудбалскиот натпревар

Суверено пред големи кулиси …

германскиот Бундестаг, австрискиот парламент, сојузното канцеларство во Берлин и Виена, германското министерство за надворешни работи, баварското канцеларство, императорскиот дворец Хофбург, дворците и замоците како Цецилиенхоф, Нојшванштајн или Графенег; церемонија со амбасадорката на УНИЦЕФ Ванеса Редгрејв

… и сигурно при толкување на терен 

хируршка сала, рафинирање на стари масла, постројки за биогас, институција за благородни раси коњи и спортски коњички дисциплини

И тоа сама, …
… во мал тим
200306 Bundestag 3 Q
И тоа сама, …
200306 Bundestag 3 Q
… во мал тим
… или како дел од голема екипа.
… или како дел од голема екипа.

Ве придружувам во иднината

при презентирање на техничките иновации на DAX-нотирани компании, при развивање на недвижнини на саемот Експо Реал

и во минатото.

при историски прошетки и во музеи.

Работам за стопанството

во тонско студио со сопствениците на светски реномирани компании, во пивници пренесувам детални знаења за производството и вкусовите на десетици пивски сорти, водам телефонски разговори во име и по налог на нарачателите, средби со странски инвеститори или тури во фирми и производни погони

и за Вас откако успешно ќе ги завршите средбите.

По долгиот ден со интензивни разговори, јас и понатаму преведувам за Вас за време на вечерата или говорите за време на свеченоста.

Ги владеам сите техники на толкување. Според потребите на ангажманот, вршам симултано толкување, консекутивно толкување или шушотаж. Од толкувачка кабина, на сцена, брод или преговарачка маса.

Како толкувачка имам работно искуство не само во цела Баварија (Минхен, Аугсбург, Инголштат, Кауфбојрен, Ландсхут, Нирнберг, Регенсбург и многу други), туку и во цела Германија (Берлин, Бон, Бремен, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Кобленц, Минстер, Наумбург, Потсдам, Трир, Улм и многу други), во Австрија (Виена, Фушл, Графенег, Кицбил, Салцбург, Санкт Полтен, Фрауенкирхен), во цела Македонија (Скопје, Охрид, Битола, Дебар и речиси сите други градови и општини), во Белгија (Брисел), во Холандија (Амстердам, Хаг, Ротердам, Шевенинген), во Луксембург (Луксембург), во Велика Британија (Вилтон Парк, Вистон Хаус), во Франција (Стразбург), во Италија (Рим, Торино), во Чешка (Прага) и во Полска (Краков).

 

Ви нудам толкувачки услуги со највисок квалитет. Сите доверени ангажмани ги имам исполнето на највисоко квалитативно ниво и на потполно задоволство на нарачателите.

Контактирајте ме за конкретна понуда во врска со Вашите потреби.

Ќе ми биде драго да воспоставиме добра соработка.

аудиопроба DE
аудиопроба EN
аудиопроба МК