за заверени преводи на документи и јавни исправи

Како овластена преведувачка за македонски-германски и германски-македонски при Покраинскиот Суд Минхен I (Landgericht München I) во Баварија, Германија, вршам превод на јавни исправи и други документи (на македонски познато како „судски превод“). Со мојата заверка („Bestätigungsvermerk“ или познато како „beglaubigte Übersetzung“) се потврдува точноста и потполноста на преводот и таа е признаена и има важност во судовите, јавнитe служби, училиштата и други институции.

Вршам писмен превод и заверен превод на јавни исправи како извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани, потврда од кривична евиденција, потврда од казнена евиденција, уверение за слободна брачна состојба, свидетелство, универзитетска диплома, уверение од положени испити, уверение за положен стручен испит, извод од наставен план, работна препорака, работна лиценца, возачка дозвола, лична карта, лекарско уверение, уверение за државјанство или решение за отпуст од државјанството. Исто така вршам и заверен писмен превод на судски пресуди и решенија, како одлука за развод на брак, тестамент, брачна спогодба, нотарски договор и сл.

Исто така Ви стојам на располагање доколку Ви е потребен овластен толкувач за матична служба, нотар или затвор.

Контактирајте ме за конкретна понуда во врска со Вашите потреби. Наједноставно е ако ми го испратите документот, скениран или фотографиран, по е-мејл. Ќе добиете одговор во најкратко можно време.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали може да Ви ги пратам документите за превод по е-мејл?

Секако дека може да ми ги испратите по е-мејл документите што треба да се преведат. Врз основа на тоа ќе Ви испратам конкретна понуда. Ве молам за разбирање дека преводот можам да го преземам само откако ќе извршите уплата однапред. Ако Ви одговара понудата, ќе Ви испратам фактура. За таа цел пишете ми ја адресата за фактурирање т.е. на која треба да го испратам преводот. Откако ќе извршите уплата (како доказ доволен е screenshot или скенирана уплатница) и ќе го изработам преводот во договорениот рок. Преводите ќе ги добиете како што е договорено, во електронска форма или по пошта.

Дали за превод на заверени документи морам да Ви го испратам документот во оригинал или доволна е копија?

Преводот смеам да го направам и од копија или од скениран документ. Притоа во мојата заверка мора да наведам дали преводот е направен од оригинал, заверена копија, обична копија или скениран документ. Ве молам да се информирате во службата каде што треба да го поднесете документот кои се нивните барања: дали им е доволно преводот да се направи од заверена копија, обична копијa, скениран документ или исклучиво од оригинал.

Доколку е потребно преводот да се направи од оригинален документ, потребно е да ми го испратите по пошта или – ако се договориме претходно – да го приложите кога ќе го подигнете преводот лично.

Како најдобро да Ви ги испратам документите за превод?

Копиите може да ми ги испратите најдобро скенирани по е-мејл или по пошта.

Оригиналните документи и заверените копии може да ми ги испратите со препорачана пратка „Einwurfeinschreiben“. Ако одберете друга форма на достава, имајте предвид дека ако не сум лично во канцеларија при испораката, пратката ќе може да ја подигнам лично во поштенската филијала дури ден подоцна.

Кое е Вашето работно време? Дали едноставно може да дојдам и да Ви ги предадам документите за превод?

Најдобро е Вашето прашање или документите да ми ги испратите по е-мејл или ако се договориме, по пошта. Заверените преводи ќе ги добиете по пошта.

Вообичаено сум достапна од понеделник до петок од 10 до 18 часот. Поради ангажманите за толкување на суд, конференции итн. можно е и во тоа време телефонски да не сум достапна.

Документите може да ги доставите и во поштенското сандаче. Во тој случај не заборавајте да ги запишете и Вашите контактни податоци.