За Радица Шенк
Како преведувачка и толкувачка со универзитетска подготовка (дипломиран филолог за англиски јазик и книжевност, преведувачка насока, англиски студии со италијански како Ц-јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1994-1999 г.) имам работно искуство уште од 1996 година – до 2001 година во Скопје, од 2001 година во Минхен.
Македонскиот јазик е мој мајчин јазик. Англиски и германски се моите работни јазици.
Од 1996 година работам како самостојна преведувачка и толкувачка. Имам долгогодишно професионално искуство во преведување како и симултано и консекутивно толкување за меѓународни организации како што се УНИЦЕФ, УНЕСКО, Светската Банка, ЕУ, германски, австриски и баварски влади и министерства, правосудството, компании, невладини организации, специјализирани преведувачки агенции и приватни лица.
Помеѓу 1999 и 2001 година бев вработена во Обединетите Нации во Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје како програмски асистент за програмите за образование и детска заштита за време на косовската криза, а подоцна за програмите образование и ран детски развој. Од тој период имам искуство и со составување и организација на тимови со преведувачи и толкувачи како и проектен менаџмент. Во тоа време го положив и највисокиот степен за англиски јазик за вработените во Обединетите Нации English Language Proficiency Exam (United Nations Headquarters, New York).
Од 2001 година живеам во Минхен и работам како конференциска толкувачка и преведувачка. Пред многу години го положив германскиот државен испит за преведувачи и толкувачи за македонски јазик и сум судски назначена и заколната преведувачка и толкувачка за македонскиот јазик.
Српскиот јазик е мој втор мајчин јазик. Италијанскиот јазик го апсолвирав за време на студиите. Покрај тоа, имам пасивни познавања на хрватски, црногорски, босански и бугарски јазик како и основни познавања на руски, француски и шпански јазик.