толкувач и преведувач за судови, адвокати и нотари
Како јавно назначена и заколната преведувачка за македонски јазик (Покраински Суд Минхен I) вршам превод на документи за судови, јавното обвинителство, адвокати, нотари, министерства и други државни институции, компании како и приватни лица.
Редовно вршам заверен превод на судски пресуди, одлуки, казнени налози, покани, обвинителни акти, извештаи од судски вештачења, коресподенција, семејно-правни, имотно-правни и наследно-правни списи, договори, брачни спогодби, законски текстови итн.
За писмени преводи на германски јазик на располагање ми стои германски правник (Volljurist, Ass. jur.) за лекторирање на текстовите.
За адвокати и лекари вршам толкување во казнено-поправни установи, а исто така и вршам толкување пред нотар.