DeutschEnglishМакедонски
Старт Радица Шенк Профил
Радица Шенк

Како преведувач и толкувач со универзитетска подготовка (дипломиран филолог, преведувачка насока, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје) имам работно искуство уште од 1996 година – до 2001 година во Скопје, од 2001 година во Минхен.

Мојот мајчин јазик е македонскиот. Англиски, германски и италијански се моите работни јазици.

Од 1996 година – уште за време на моите студии – работам како преведувач и толкувач. Во меѓувреме стекнав повеќегодишно професионално искуство во преведување како и симултано и консекутивно толкување за меѓународни организации како што се УНИЦЕФ, УНЕСКО, Светската Банка, ЕУ, министерства, невладини организации, светски корпорации и приватни лица.

Помеѓу 1999 и 2001 година бев вработена во ОН во Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје како програмски асистент за програмите за образование и детска заштита за време на косовската криза, а подоцна за програмите образование и ран детски развој. Од 2001 година живеам во Минхен и работам како конференциски толкувач и преведувач.

 

 

 
Copyright © 2018 Radica Schenck – Konferenzdolmetscherin und Übersetzerin für Mazedonisch. Сите права се заштитени. | Impressum